Ким Кардашијан за време на модната недела во Њујорк ја видовме како русокоса, но тогаш се работеше само за перика.
Но, реалити ѕвездата уште еднаш се реши вистински да стане русокоса!
На Снепчет Ким објави две фотографии на кои бојата на нејзината коса е променета.
Старлетата овој пат се одлучи за „потопли“ нијанси на руса коса, за разлика од минатиот пат кога ја споредуваа со Драко Малфој од „Хари Потер“.
Иако промената е направена за нова фотосесија, мора да признаеме дека и стои одлично.