во јавноста имаше гласини дека врската на Никол Кидман и Лени Кравиц од почетокот на 90-тите стигнала до свршувачка.
Сега актерката конечно потврди дека навистина требаше да се омажи за американскиот пејач.
Во интервју за списанието „Edit“ за работата на ќерката на Кравиц 49-годишната актерка рече: “Ја познавам Зое, бидејќи бев свршена за нејзиниот татко. Се е во семејството!”
Кидман, која е мажена за кантри пејачот Кит Урбан, имаше врска со Кравиц меѓу 2003 и 2005 година. Гласините беа дека 52-годишниот Лени дури ја напишал познатата песна “Lady” за Никол.