Холивудската актерка Никол Кидман, која сака да има 8 деца, наскоро ќе направи уште еден чекор за остварување на својот сон.
Славниот актер и нејзиниот сопруг Кит Урбан, со кој имаат две ќерки, одлучија да посвојат дете од Индија.
Во своето неодамнешно интервју Никол ја засегна темата за посвојување: „Мислам дека сум за тоа“, призна таа и додаде дека засега е доволна грижата околу ќерки.
Потсетуваме дека од бракот со Том Круз има две посвоени деца, но по разводот тие живеат со својот татко.