Ексцелзиор хотел Галија во Италија е место каде се наоѓа најдобриот, најлуксузниот апартман според изборот на реномираните „World Travel Awards“.
Апартманот Катара, којшто втора година по ред е прогласен за најдобар, воедно е и најголем апартман во Милано, со површина од 1.022 квадратни метри.
Во овој гламурозен простор може да се сместат до осум лица, има четири спални, неколку приватни тераси, прозорците се блиндирани, а лустерите се изработени од мурано стакло.
Гостите може да уживаат и во приватна спа зона со турска бања и сауна.
За апартманот се вели дека е посебно погоден за сместување на дипломати, бидејќи за пристап до него има и директен, т.н. дипломатски влез.