Јелена Карлеуша е позната по остриот јазик поради кој често доаѓа до конфликти со своите колеги.
А, по Цеца која од неодамна беше на мета, следна е Наташа Беквалац.
ЈК ја обвини пејачката за копирање, па на Фејсбук објави фотографија на Наташа од 2016 во споредба со нејзината од 1999 година.
Но, очигледно на сите им е преку глава со нејзините обвинувања, па најпознатиот твитерџија во Србија реши да ја избламира.
„Покојна Милева“ направи споредба со фотографијата на ЈК за која таа тврди дека е копирана коа и сама ја ископирала.
Сега засега нема никаква реакција од Јелена која секогаш има нешто плус да додаде.