Нов грабеж кај Кардашијанс: Украден накитот на Кендал Џенер

Кланот Кардашијан-Џенер повторно беше мета на крадци, или поточно домот на Кендал Џенер.

21-годишниот модел во вторникот во нејзиниот дом во Холивуд забележала дека и го нема накитот од спалната соба.

Кендал повикала полиција, но по нивната истрага заклучиле дека во домот нема знаци на насилно влегување, па во извештајот било наведено дека се работи за луѓе кои имале пристап во куќата или „inside job“.

Од нејзиниот дом бил украден накит во вредност од 200 илјади долари.