Според едно спроведено истражување, нивото на стрес кај луѓето значително се намалува кога се во контакт со животни.
Гушкањето крави е тренд кој моментално владее во Њујорк.
Можеби не сте знаеле, но кравите се нежни животни на кои не им пречат прегратки.
Терапијата на гушкање крави може да звучи чудно, но постојат и други терапии во кои се вклучени животни.
Имено, луѓето веќе долго време практикуваат јога со кози, мачки и зајаци.
На ранчот “Mountain Horse Farm” можете да уживате во гушкањето со овие благородни животни, каде за 90 минути третман ќе треба да платите 300 долари.