Николас Кејџ по 13-години брак реши да се разведе од сопругата Алиса Ким.
Актерот својата трета сопруга ја запознал во 2004 година во Лос Анџелес, во еден ресторан во кој работела, а во кој тој бил гостин.
Само два месеци откако се запознале, двојката се свршила, а по извесно време се венчале.
Менаџерот на актерот за американските медиуми потврдил дека Николас се разведува, но не ги навел причините за разводот.
Николас и Алиса го имаат 10-годишниот син Калел Копoла.