Кристиjано Роналдо пред неколку месеци стана татко на Алана Мартина, ќерката која ја доби со девојката Георгина.
И додека се изгледаше идилично во нивната врска, сепак фудблерот се најде во љубовен скандал.
Во јавност се појавија пораките кои Роналдо и ги испраќал на манекенката, Рајан Сугден.
„Ќе те побарам за еден час ако ми го испратиш твојот приватен број. Јас сум во хотел“, е една од бројните пораки кои славниот фудбалер и ги испратил на манекенката.
Допишувањето траело се’ додека нејзиниот свршеник, Оливер Мелор, не дознал што се случува, па одлучил на Роналдо да му испрати порака во која му порачал да престане со допишувањето.
„Беа пријатели, но често знеше да „ја затрупува“ со експлицитни пораки, иако повеќе пати му имаше кажано дека има свршеник. Сето тоа го игнорираше додека лично не му се јавив и го предупредив да престане“, открива Оливер за „The Sun“.
#Repost @opmellor ・・・ The Melldens ???? @rhiansuggers
A post shared by Rhian Sugden (@rhiansuggers) on
Сега за сега нема одговор од страна на Роналдо, за кого ова нема да биде прв љубовен скандал.