Нов скандал: Децата на екскурзија се носат во домот на Цеца!?

Светлана Цеца Ражнатовиќ е во центарот на нов скандал низ балканските медиуми.

Ученици од трето одделение од основното училиште „23 октомври“ од Сремски Карловци, во рамки на еднодневна екскурзија во Белград биле однесени во посета на домот на пејачката.

Децата се дужеле со Цеца, а како подарок добиле и потпишано ЦД.

„На моето прашање како било на екскурзија, првото што ми го кажа е дека биле кај Цеца дома, дека куќата и е огромна, дека добиле автограм и ЦД од неа лично. Моето дете не е воспитано така што да знае која е Цеца, особено не да и се восхитува на таква личност и од неа да бара автограм“, изјавил родителот.

Од училишната управа не сакале да го коментираат случајот бидејќи ги немале сите информации, додавајќи дека ниту едно училиште не смее да отстапува од планот за училишна екскурзија.

Според официјалниот план, било предвидено да се посетат Зоолошката градина, Авалската кула, Музејот на авиони и стадионот на Црвена ѕвезда.

цеца