Во светот имаме нов тренд кој стана хит на социјалните мрежи.
Станува збор за кафе послужено во корнети за сладолед, а се користи хаштагот #CoffeeInACone.
“Мозокот” зад овој иновативен производ е Дејн Левинрад, кој работи во “The Grind Coffee Company” во Јохнесбург, Јужна Африка.
Тој вели дека идејата ја добил поради тоа што луѓето обожаваат кафе и сладолед, па зошто не би ја сакале и комбинацијата од нив две?