По соработката на деветтата и на десеттата епизода од четвртата сезона од популарната серија „Игра на тронови“ („Game of Thrones“), македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х, како соработници на „Диџитал симфони“ (Digital Symphony), учествуваа во креирањето на анимацијата и визуелните ефекти во седмата и во осмата епизода, насловени како „Скршениот човек“ (The Broken Man) и „Никој“ (No One).
Предвидувањата за седмата епизода, кои ни доаѓаат од „Индепендент“ веројатно го најавуваат појавувањето на новиот член на екипата Јан Мекшејн, кој и се појавува малку пред Бриена и Подрик да сретнат гробокопач, за кој многумина мислат дека е Сандор Клеген – Кучето.
Ова, можеби, е вовед во очекуваната битка на живот и смрт меѓу него и Планината. Дали е така, останува да погледнеме наскоро.