Нова феноменална перница за дремење на работа (ФОТО)

Дека дремката е здрава е потврдено од страна на сите од НАСА на НБА. Истражувањата покажаа дека може да ја зголеми вашата интелигенција, да се подобри ефикасноста, да ви помогне со губење на тежината, па дури и подобрување на вашето либидо!

Ова е нов изум – перница НОЈ – ја направија во Мадрид во студио за дизајн. Направиле перница во која се чуствувате како ној кој ја ставил главата во песок, со цел да се создаде тивок простор да си дремнете додека сте го канцеларија или пак на аеродром.

noj 4

Перницата се става на главата, има дупка за дишење и две дупки во двете страни над главата да се стават вашите раце – што и има смисла ако се лежи со лицето надолу на маса.

“Сакавме нешто што ќе ни даде чувство на различна средина – на микросредина ако ви се допаѓа”, вели Али Ганјавиан, партнер на Kawamura-Ganjavian дизајн, фирма ко-креатор на перницата НОЈ. “Значи, можете да се чувствувате како да сте исклучени и далеку од се.”

noj 3

Еве зошто е здраво да се дремне – факти:

• НАСА студии покажале дека мозочната функцијата се подобрува драстично по дремка.

• Истражувачите откриле дека луѓето кои дремат најмалку 3 пати неделно имале 37% помал ризик од срцеви болести.

• НБА играчите е познато дека дремат редовно, особено пред натпревар, да им помогне во поголема концентрација на теренот.
• Лишување од сон го намалува сексуалниот нагон
• Некои од најголемите катастрофи во поновата историја, вклучувајќи го и Ексон Валдес истекувањето на нафта, хемиска експлозија во Индија и нуклеарна катастрофа во Чернобил имаат сите едно заедничко – вработени кои страдале од недостаток на сон.