Има повеќе видови масажи, но онаа каде ве масираат змии секако е нешто друго.
Таква услуга пред извесен период нудела една зоолошка градина на Филипини – за време на 15 минути акција на храбрите учесници се ставаат четири огромни бурмански питони.
И сето тоа е бесплатно за да се поттикнат посетителите на повеќе интеракција со животните.
Во зоолошката градина се труделе сите посетители кои сакаат, да добијат можност да се доближат до некои од животните.
Четири змии масерки, Валтер, ЕЈ, Даниел и Мишел, пред масажата јадат по десет кокошки за да се избегне гладот во непријатните моменти. Никој не сака да се нахрани со својот клиент. Клиентите исто така добиваат сигурносни упатства.
Оваа масажа сигурно може да се нарече чудна, а сигурно и дека змиите немаат поим што се случува. Искуството е совршено за оние кои секогаш се подготвени да пробаат нешто ново.