На модната недела во Лондон шокираните гости гледале во манекенката Кендал Џенер која пистата ја заменила со првиот ред и гордо ја покажувала новата златна насмевка.
Бојата на забните навлаки, Кендал ја искомбинирала со златен накит.
„Зрачеше со сексапил додека не се насмевна. Изгледа штрбаво. Ова не е нејзин стил, туку ги копира сестрите“, се некои од коментарите на модните критичари.
Нејзините сестри Кајли Џенер, Ким Кардашијан и Клое Кардашијан веќе носеле златни заби или накит за заби украсен со дијаманти.