Нова техника за цртање нокти конечно и кај нас (фото+видео)

Ербраш техниката е најновата техника за изработка на едностaвено и интересено исцртување на ноктите по која полуде светот .Оваа техника се изведува со помош на специјален апарат кој се состои од компресор и пиштол на воздушен притисок.

Со помош на пиштолот можете да креирате најразлични нијанси и дизајни на ноктите, лесно како цртање графити, односно цртање со спреј.

При креирањето на дизајнот се користат повеќе различни шаблони-од разиграни принтови до остри прави линии, едноставно сè е можно.

нокти

Техниката е совршена за омбре како и брз и прецизенфранцуски маникир. Лесно, едноставно и прецизно се извлекуваат линии, се користат само неколку капки боја и се заштедува време.

Водете се од вашата креативност и оваа техника ќе ви овозможи бесконечно многу различни варијанти!

Погледнете како се прават ноктите со оваа техника: