Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, донирале еден милион евра наменети за купување респиратори и медицинска опрема за борба против коронавирусот во Србија.
Ѓоковиќ преку видеоразговор со српските новинари истакнал дека опремата ќе биде набавена од Кина и Германија.
„Голема благодарност до медицинскиот персонал, кој со денови се бори за здравјето на луѓето низ целиот свет и напорно работи на помагање на заразените. Бројот на пациенти се зголемува секој ден, а со тоа и Јелена и јас и нашата Фондација решивме да собереме што е можно повеќе информации за да утврдиме кој е најдобриот начин за донирање на нашите ресурси, пари и знаење, за да може оваа помош најсоодветно да влијае на здравјето во цела Србија“, рече Ѓоковиќ.