Новиот спот на Лејди Гага ќе ве хипнотизира за полесно да спиете

Лејди Гага го претстави својот нов спот за песната “The Cure”, со која дебитираше на музичкиот фестивал Коачела во април оваа година.

Во овој музички спот пејачката седи во сатенска соба, камерата лебди околу што прави да се чувствувате како се да се случува во сон.

Стиховите, исто така се вртат во круг околу рамката во која е Лејди Гага, фанови на социјалните мрежи забележале дека текстот е доста тежок за читање, а да не добиете вртоглавица.

Лејди Гага неодамна призна дека таа страда од ментална болест и со години користи лекови за спиење како би можела полесно да заспие.

Затоа изучувала методи за спиење, наводно кога ќе пробате да го прочитате текстот отпечатен на екранот ќе добиете чувство на хипнотизираност и полесно ќе заспиете.