По извршената обдукција врз телото на познатиот пејач Џорџ Мајкл по првиот преглед не дала јасни резултати од кои може да се утврди вистинската причина за неговата смрт.
Како што пренесува „The Sun“, oд полицијата рекле дека биле спроведени дополнителни тестови чии резултати ќе пристигнат за неколку недели.
Неговиот партнер Фенди Фауаз на Твитер напиша: „Jас бев со него во врска, се додека не го пронајдов мртов во креветот. Единствена работа која Џорџ ја сакаше беше да умре. Неброено пати се обиде да се самоубие… И конечно успеа“.
Во првичните вести за смртта на славниот пејач, како можна причина се наведуваше срцев удар.