Објавена е официјалната изјавата на Ким Кардашијан за грабежот во Париз

Три месеци по грабежот на Ким Кардашијан во Париз, францускиот весник „Le Journal du Dimanche“ ја објави изјавата дадена во полиција од страна на старлетата.

Документот долг шест страници детално го опишува грабежот во кој Ким раскажува што се случило откако двајца ограбувачи маскирани во полицајци влегле во нејзиниот апартман.

ким кардашијан

Во извештајот таа вели:

„Вперија оружје во мене. Го земаа прстенот. Носеа ракавици. Ме прашаа каде се парите и накитот. Ме грабнаа и ме однесоа во претсобјето. Носев само бањарка, а одоздола бев гола. Ме однесоа во спалната и ме фрлија на креветот. Тогаш ми ги врзаа рацете со пластична врвка и со леплива лента, а потоа со истата лента ми ги врзаа нозете и ми ја затнаа устата. Потоа ме однесоа во бањата, да бидам попрецизна, во кадата“.

ким кардашијан чувар

Ким во извештајот додала дека украдени и биле две дијамантски бразлетни, ланче со привезок крст изработено од злато и дијаманти, сет од дијамантски ѓердан и обетки, златен Ролекс часовник и дијамантско ланче со името на нејзиниот син Сент Вест.

Вкупната пријавена вредност на украдениот накит изнесувала 5 милиони долари.

ким кардашијан