Кога некој е креативен, никогаш не му недостасуваат материјали за да го искаже својот талент.
Еден дански графички дизајнер, инспириран од бананите создава мали ремек дела.
Стефан Браше не можел да замисли дека неговите интересни цртежи од банани ќе станат толку популарни на Инстаграм.
Имено, после објавата на овие фотографии, неговиот профил почнале да го следат 15.000 луѓе, а тоа го инспирирало да направи „Овошен календар“ во кој секој месец ќе објавува фотографии од ново дизајнирано овошје.
За сајтот Bored Panda тој изјавил дека оваа необична уметност започнала поради досада на работното место:
„Земав пенкало и почнам да цртам на банана, а потоа се изненадив колку нејзината кора е добра за цртање. Продолжив, а идеите сами доаѓаа“, изјавил тој.