Поранешниот американски претседател Барак Обама е во преговори со Нетфликс со цел да биде продуцент на високобуџетна серија.
„Претседателот и г-ѓа Обама секогаш верувале во моќта на приказната да инспирира. Во нивниот живот, тие често ги популаризираат луѓето кои сакаат го променат светот кон подобро. Новиот проект значи продолжување на таа пракса“, изјави Ерик Шулц, советник на поранешниот претседател.
Првичните информации говорат дека тоа ќе биде документарна серија за разговорите кои Обама ги имал околу своите политички реформи, од коишто некои и денес создаваат поделби во американското општество.
Мишел Обама пак, е заинтересирана за темите околу нејзината вечна страст – нутриционизмот.
Инаку, Барак и Мишел Обама моментно ги подготвуваат и своите мемоари за коишто добија 60 милиони долари.