Од шпион на ЦИА, до аристократка: Сите жени на Фидел Кастро (фото)

Кубанскиот лидер Фидел Кастро почина овој викенд, а во текот на својот живот многу пати изјави дека неговата најголема љубов е татковината.

Но, човекот кој ја обликуваше Куба изминатите шест децении очиглено имал многу други љубови во облик на згодни и убави дами.

Ова се сите жени на Фидел Кастро.

Шпион на ЦИА: Марита Лоренц

Една од најконтроверзните жени во животот на кубанскиот лидер била шпион на ЦИА.

Марита Лоренц во 1959-та година била испратена од Америка за наводно да го убие Кастро, но по една година во врска, таа се заљубила во него и никогаш не го сторила тоа.

фидел кастро жени

Прва сопруга: Мирта Дијаз Баларт

Единствената официјално позната сопруга на Фидел Кастро е Мирта Дијаз Баларт која потекнувала од богато семејство.

Ќерката на Рафаел Хосе Дијаз-Баларт, истакнат политичар во Куба и градоначалник го запознала Кастро за време на студиите по филозофија во Хавана.

Парот се венчал во 1948-ма година, а го имаат синот Фидел Анхел Кастро Дијаз-Баларт познат како Фиделито.

Сепак Фидел и Мирта се развеле во 1955-та година.

фидел кастро жени

Аристократска врска: Наталија Ревуелта

Кубанскиот лидер ја запознал Наталија Ревуелта во педесетите години додека била во брак со Мирта.

Наталија потекнувала од аристократско семејство, а била позната по своите донации во движењето на Кастро.

Тие двајца биле љубовници и често си разменувале писма во кои пишувале за филозофијата.

Наталија во тоа време била во брак со угледен хирург во Куба.

фидел кастро жени

Тајна љубов: Далија Сото дел Ваље

Малку се знае за Далија Сото дел Ваље која била во Кастро во шеесетите години.

Спорд кубанските медиуми, парот од 1962-ра до 1974-та година добил пет синови: Антониј, Алехандро, Алексис, Алехандро Алекс и Анхел.

Кастро тајно се оженил со Далија во 1980-та година.

Со децении кубанците не знаеле ништо за Далија, а таа прв пат на телевизија се појавила во 2001-ва година.

фидел кастро жени

Срце-кршач

Се верува дека Кастро имал многу љубовници и многу деца.

Во книгата „Без Фидел: Смртта претскажана во Мајами, Хавана и Вашинготн“ на авторката Ен Луиз Бардах се вели дека тој бил татко на најмалку 10 деца.

Дури и самиот Фидел во интервју за „Vanity Fair“ во 1993 вели дека има деца речиси колку едно племе.

фидел кастрo