Одлична финта: Како да добиете луксузна хотелска соба без да доплатите?

Хотелската соба во која престојувате треба да е место каде ќе се одморите и релаксирате.

Дали постои можност наместо стандардната хотелска соба за која сте направиле резервација, да добиете некоја подобра соба и тоа без никаква доплата?

Според експертите за патување и голем број сајтови кои се бават со резервации, трикот не е во тоа да се преправате дека сте на меден месец или пак, да флертувате со вработените на рецепција, туку едноставно подоцна да пристигнете во хотелот.

Постои голема шанса доколку дојдете подоцна, сите стандардни соби да се веќе пополнети, па вам да мора да ве сместат во некои од достапните, но поскапи соби.

Па, следен пат кога ќе одите на патување, испробајте го ова и во пракса.

Но имајте на ум само дека хотелот треба да биде во сезона и на малку попопуларно место за да се зголемат шансите собите да бидат пополнети.