Истражувањата покажуваат дека смелите животни решенија не треба да се донесуваат кога ви е полн желудникот и дека чувството на глад ја зголемува способноста за носење долгорочни одлуки.
Научници од Универзитетот во холандскиот град Утрехт, направиле три посебни експерименти врз група на студенти за да докажат како гладта влијае при донесувањето одлуки.
Во сите тие експерименти, студентите биле поделени во две групи – сити и гладни, кои десет часа пред тестот не јаделе ништо, додека „ситата“ група добила обилен оброк, при што можеле да јадат и пијат колку што сакаат.
Во првите два експременти, студентите играле една игра со карти, која ги пресликувала комплексните процеси на донесување одлуки во животот. Групите на „гладните“ покажувала подобри резултати од „ситите“ разбирајќи ја подобро шемата на долгорочн полза во однос на караткорочни придобивки.
Овие резултати, покажуваат дека луѓето кои се гладни, многу подобро донесуваат комплексни одлуки, за разлика од ситите, со што првпат се нудат докази дека состојбата на глад ја подобрува, а не ја загрозува споосбноста за донесување на добри одлуки.
Во третиот експеримент на учесниниците на тестот им биле поставени многу прашања и од нив се барало да одберат мал износ на пари веднаш или поголема сума во иднина. Гладните почесто се решавале за големите суми во иднина, а ситите одбирале да ги земнат парите веднаш.
– Резултатот покажува дека гладта ги потенцира комплексните одлуки со неизвесни резултати, при што гладните поради долгорочна корист успеале да се спротивстават на изборите кој веднаш би им донеле помали награди, заклучиле авторите на истражувањето.
– Се се чини дека гладните се потпираат на инстинкти кои помагаат во донесувањето комплексни одлуки со несигурни резултати, велат авторите на студијата, воедно додавајќи дека гладта може да ја зголеми импулсивноста. што не е секогаш лоша работа.