Познатиот брачен пар веќе неколку дена плови по италијанското крајбрежје на луксузна јахта која се истакнува со својот изглед но и содржини.
Имено во склоп на оваа јахта се наоѓа дури и салон за убавина, спа центар, теретана и кино.
Името на јахтата на која моментално престојуваат Бијонсе и Џеј Зи е Кисмет. Брачниот пар ја изнајмил оваа јахта вредна 180 милиони долари а е во сопственост на американски милијаредер.
Јахтата е долга околу 100 метри и изгледа неверојатно, а на гостите им нуди неверојатен комфор и луксуз. На неа можат да престојуваат 12 лица, плус персонал од 28 вработени.
Една недела пловидба со оваа убавица чини вртоглави 1.200.000 евра.