Одвратно безобразни: Тврдоглави возачи 40 минути го закочиле сообраќајот (видео)

Двајца несовесни возачи покажаа колку некои луѓе можат да бидат тврдоглави и без осет, односно колку им е сеедно за сите останати луѓе околу нив.

Имено, една средовечна дама и еден постар господин го задржале сообраќајот цели 40 минути, и тоа само затоа што одлучиле меѓусебно да се инаетат.

Дамата и господинот се нашле еден пред друг на тесен пат под еден мост во Бреј, но наместо тоа да го решат како цивилизирани луѓе и еден да попушти, тие двајца одлучиле да покажат колку можат да бидат твдоглави.

Дамата не сакала да попушти ниту тогаш кога и рекле дека зад неа во колона се наоѓа мајка која се брза да го однесе детето во училиште. Снимката покажува дека и било полесно да се расправа со сите отколку да го помести автомобилот.

На крајот сепак попуштил господинот, но со такви маневри за многумина да се запрашаат како е можно тој воопшто да има возачка дозвола.

Секако, изнервираните возачи за време на расправијата повикале полиција, меѓутоа момците во униформа за жал се појавиле точно во моментот кога се било готово.

Да додадеме дека дамата била таа која имала право на предност, но и дека господинот веќе поминал две третини од тунелот кога таа посакала да помине.