Поврзаноста на витаминот Д и пандемијата предизвикана од ковид-19 сѐ повеќе го привлекува вниманието на стручњаците и јавноста. Резултатите од мултиваријантните анализи покажаа дека лицата со дефицит на витамин Д во времето на тестирањето на ковид-19 имале значително поголем ризик од позитивен резултат од тестот, во споредба со лицата кои имале задоволителни нивоа на витамин Д во моментот на тестирањето.
Ризикот за недостаток на витаминот Д може да го зголемат многу фактори, кои би можеле да бидат поврзани и со ризикот за развој на ковид-19, вклучувајќи ги и возраста, дебелината, дијабетесот и хроничните болести.
Претпоставката дека доволните нивоа на витамин Д може да спречат ковид-19 е поткрепена со резултатите од претходните клинички испитувања кои откриле дека примената на витамин Д кај пациентите со недостаток, може да ја намали зачестеноста на другите вирусни респираторни инфекции, меѓу кои коронавирусите се вообичаени предизвикувачи.
Следејќи ги мерките за јавно здравје, издадени се препораки за заменска примена на витаминот Д од есенва.
Според спомнатите упатства, препорачаната концентрација на витамин Д во крвта кај популацијата треба да изнесува 75 нмол/Л – 125 нмол/Л за оптимална заштита од инфективните болести. Новите препораки наведуваат дека адекватниот статус на витамин Д може да помогне во намалување на ризикот од вирусни епидемии и во одржувањето на имунитетот, мускулната сила и густината на коските, додека ниските концентрации на витаминот Д се поврзуваат со малигните, кардиоваскуларните, автоимуните и невролошките болести, како и со хроничните респираторни болести, дијабетесот и хипертензијата. Токму овие болести се поврзани со најголем број смртни исходи меѓу пациентите со ковид-19.
Додавањето и следењето на концентрациите на витамин Д во крвта на разните загрозени групи на населението е од особено значење за здравјето на луѓето. Исто така, се препорачува и редовно излегување и активност на отворено, редовно вежбање, правилна и урамнотежена исхрана и од октомври да консумирате додатоци во исхраната со витамин Д во доза од 20 мг (800 ИЈ) дневно, и повеќе.
Иако изложеноста на кожата на сонце е главниот извор на витамин Д во телото, за време на постудениот и мрачен дел од годината потребно е да се обезбеди внесување на витамин Д преку храната и додатоците во исхраната. Бидејќи храната е многу скромен извор на витамин Д, треба да се знае кои прехранбени извори се богати со овој витамин.
Најбогатиот природен извор на витамин Д3 во храната се маслото од црн дроб на бакалар и другите мрсни риби. Храната богата со витамин Д3 ги вклучува рибите (туна, сардини, скуша, бакалар, харинга, лосос), раковите и морските плодови, некои видови печурки, квасецот, говедскиот црн дроб и жолчката од јајце, како и намирниците кои се дополнително збогатени со витаминот Д, како некои видови маргарин.