Со официјални соопштенија: Џиџи Хадид и Зејн Малик раскинаа

Џиџи Хадид и Зајн Малик официјално се разделија, а нивната одлука ја споделија со јавноста преку емотивни соопштенија на социјалните мрежи.

Пејачот ја отследи манекенката како и нејзината мајка Јоланда Хадид од Инстаграм.

Зајн во своето сооштение вели:

„Џиџи и јас имавме неверојано значајна, грижлива и забавна врска и јас имам голема почит и обожавање кон неа. Таа има неверојатна душа. Благодарен им сум на сите наши фанови што ја почитуваа оваа наша одлука и нашата приватност во овој период. Посакуваме оваа вест прво од нас да стигнеше до вас. Ве сакаме сите“.

По неговото соопштение следуваше и изјавата на Џиџи:

„Соопштенијата за раскинување често изгледаат како да се ‘роботски’, бидејќи навистина не постои начин да се опише што две лица искусиле заедно во текот на неколку години… не само во врската, туку и во животот воопшто. Засекогаш ќе бидам благодарна за љубовта, времето и животните лекции кои ги делевме со Зејн. Не сакам ништо друго само најдоброто за него и ќе продолжам да го поддржувам како пријател за кого имам огромна почит и љубов“.

22-годишната манекенка и 25-годишниот пејач се разделија по 2 години врска.