Ограбен домот на Мараја Кери

Домот на Мараја Кери во Лос Анџелес беше ограбен, а ѕвездата е оштетена за 50.000 долари.

Крадците синоќа во 3 часот го извршиле грабежот и од нејзиниот дом биле украдени брендирани чанти и очила за сонце.

На изненадување на полицијата, крадците не земале ништо од накитот на пејачката.

Инаку за време на грабежот Мараја Кери била во Њујорк со нејзиното момче Танака.