Огромен аплауз за Џони Деп на манифестацијата „People’s choise“

Џони Деп ги изненади фановите кога пред неколку дена се појави на доделувањето на наградите „People’s Choice“.

Ова беше прво негово официјално појавување во јавноста откако пред неколку денови е финализиран разводот од Амбер Херд.

На Џони му беше врачена награда за омилена филмска икона, а тој во својот говор им се заблагодари на фановите кои биле покрај него во тешкиот период.

џони деп

Минатиот април беше објавено дека актерот се разведува од сопругата Амбер Херд, која потоа го обвини дека физички ја малтретирал.

Изгледа дека актерот успеал од оваа тешка ситуација да се извлече со неизвалкана репутација.

Судејќи по овациите коишто ги доби кога се појави на сцената, публиката и понатаму го сака, и веќе ги заборави модринките кои Амбер ги покажа.

Џони Деп