Сосема поинаква слика од Миконос ги дочекала жителите на овој остров утрово.
Прекини на струја, откорнати дрвја, штета на патиштата и поплави моментално се реалната слика на Миконос.
Лошите временски услови во последните три дена и големото невреме кое се случило вчера на Кикладските острови, нанеле голема штета во најексклузивниот грчки остров Миконос.
Ветер со голема јачина нанел голема штета на Мала Венеција во самиот град, односно на најголемата туристичка атракција. Водата ги поплавувала дворовите и продавниците на крајбрежјето.
Поради високите цени а летување на Миконос, многумина се пошегувале дека сега ни бесплатно не би отишле на островот.
Погледнете како изгледа Миконос денес.