Оригинален италиjански рецепт за пица Капричиоза

Состојки:

тенко тесто за пица
1 шолја доматен сос
1 шолја артичока, исечкана на четвртинки
1 шолја моцарела
1 шолја сечени црни маслинки
6 листови пршута
1 шолја печурки, сечкани
2 варени јајца, по желба

Подготовка:

– На тестото за пица распоредете го доматниот сос.

– Потоа, ставете половина од моцарелата, артичоките и маслинките.

– Од горе ставете пак од моцарелата. Посолете и побиберете.

– Печете на 250 степени целзиусови околу 25 минути, додека краевите на тестото не бидат златно кафени.

– На крај, додадете ја пршутата и печете уште 5 до 7 минути.