Оскари 2017: Иста личност номинирана за најдобра машка и женска улога

За прв пат во историјата на доделувањето на наградата Оскар, во категоријата за најдобра женска и машка улога номинирана е иста личност.

Станува збор за ѕвездата Кели Мантл која глуми во инди филмот „Confessions of a Womanizer“.

Мантл, која е родена како машко, започнала да се занимава со глума во 90-тите години.

Maнтл е меѓу кандидатите за номинација за Оскар за нејзината улога на проститутка која ѝ помага на нејзиниот пријател да ги излечи раните кои му ги нанесе промискуитетниот начин на живот.