Оскари 2017: Сите фустани од црвениот тепих на едно место

Синоќа во Лос Анџелес се одржа Оскаровската ноќ на која се појавија најголемите имиња во филмската индустрија.

И додека сите се наедеваат и ја посакуваат златната статуетката, дамите решија да земат инспирација токму од неа, па златните креации доминираа на црвениот тепих.

Помеѓу најдобро облечените се вбројуваат Џесика Бил, Ема Стоун, Никол Кидман, Криси Теиген.

Ема Стоун која доби оскар за најдобра женска улога, го врати стариот Холивуд на црвениот тепих.

Младата актерка се појави во златна креација со реси од модната куќа Живанши.

Џесика Бил се одлучи за долга тесна тоалета со потписот на Kaufman Franco, која го истакна нејзиното тело.

Никол Кидман остана верна на Армани и се појави во неутрална тоалета со рачно везени детали.

За разлика од „златните“ дами, Криси се појави во бела заводлива креација на Зухаир Мурад.

Што носеа останатите славни дами погледнете во продолжение.