Ослободете се од непријатните миризби во домот

Готвењето е најчестиот предизвикувач на непријатни мириси во домот.

Најчесто миризбата ја забележуваме кога ќе излеземе и ќе се вратиме, или уште полошо тоа го забележуваат нашите гости.

Но, еве како да се ослободите од непријатните мириси.

Во помало тенџере згрејте вода во која ќе додадете лимонов сок и мирисна билка како лаванда или цимет.

Оставете да вријат додека просторијата не се исполни со пријатен мирис.

Понекогаш и кога готвите или миете садови, во лавабото може да останат непријатни мириси, но и за тоа има решение.
,
Доколку сакате темелно да се ослободите од мирисите тогаш во одводот исцедете малку лимон, оставете да делува, а потоа оставете топла вода да тече и да ги прочисти цевките.

Вториот начин е во водата да ставите малку оцет и прашок за печиво. Оцетот е природно средство за отпушување на одводот.

Ова е одличен трик кој можете да го примените пред да ви дојдат гостите или по готвењето.