Основни правила како да не се здебелите на работа

Знаеме дека ви е потребен хранлив оброк кој ќе ви помогне да се чувствувате сити до доцна попладне, се додека не дојдете дома да јадете.

Сепак треба да знаете дека не ви е потребна мрсна храна, месо, пица или тестенини да се чувствувате сити.

Потребно ви е да го репрограмирате желудникот и да јадете хранлива, а не калорична храна.

Што да појадувате?

Зошто да не си земете проја со сирење и јогурт или житарки кои ќе ги јадете со млеко.

Појадокот и ужината можете да ги припремите од дома, а со тоа ќе внимавате што јадете.

Ако долго време сте биле на брза храна веруваме дека ви е тешко да ги промените навиките, па поради тоа почнете со тост со интегрален леб или интегрална кифла.

Кога ќе ве фати „криза“ јадете овошје или јаткасти плодови.

Нездрави навики на работа

Избегнувајте да јадете на работа пред компјутер. Подобро отидете до кафулето или кујната на работа.

Знаеме дека немате време, но работата нема да ја зашршите побрзо доколку јадете пред компјутер.

Напијте се чаша вода, излезете на пауза и ќе бидете многу попродуктивни.

Честење на работа

Колегите на работа знаат да донесат торта, грицки, сок за да почестат за роденден, слава, раѓање на дете и слично.

Ако не сакате да го одбиете колегата не значи да јадете две парчиња торта, доволно е да се напиете една чаша сок.