Оставете нека ве озборуваат: Животна лекција која секој треба да ја научи

Тој кој сака, секогаш ќе најде нешто да прокоментира, затоа, не обрнувајте внимание на другите, затоа што е тешко да им се угоди на сите.

Прочитајте ја оваа поучна приказна:

Си живееле еднаш еден брачен пар кој имале 12-годишен син и едно магаре. Одлучиле малку да патуваат, да го запознаат светот, па тргнале на пат.

Кога дошле во првото село, луѓето коментирале: „Погледнете го она дете. Тој седи на магарето додека неговите стари и сироти родители го влечат магарето“. Жената тогаш му рекла на мажот: „Нема да дозволиме луѓето вака лошо да зборуваат за нашит син“. Мажот го симнал детето од магарето и саднал тој.

Кога пристигнале во другото село, луѓето зборувале: „Погледнете го ова, нека му е срам на овој човек кој дозволува сопругата и детето да го влечат магарето додека тој седи“. Тие тогаш одлучиле жената да седне на магарето, а мажот и синот да го влечат.

Пристигнале и во третото село каде луѓето повторно коментирале: „Сирот човек! Цел ден работел, а сопругата му седи на магарето. И сирот син! Којзнае што го чека со таква мајка“. Тогаш одлучиле сите тројца да се качат на магарето и да продолжат понатаму.

Кога дошле до следното село, ги слушнале мештаните како коментираат дека на сиротото магаре ќе му пукне грбот од преголемата тежина. И тогаш тројцата се симнале долу и одлучиле да одат покрај магарето.

Кога поминувале низ следното село, не можеле да им веруваат на коментарите на луѓето кои им се смееле: „Погледнете ги овие три будали… Одат, а имаат магаре кое може да ги носи“.