Деветдесетгодишници водат бизниси, одгледуваат кожи и организираат едриличарски регати. Ова е можно само на грчкиот остров Икарија, кој се наоѓа релативно близу до брегот на Турција, на девет часови возење со траект од Атина. Тој е еден од островите на кои најдолго се живее, бидејќи повеќето жители во просек се во длабока старост. Слични такви микрокосмоси се смета дека се островот Сардинија во Италија, полуостров Никоја на пацифичкиот брег на Костарика, островот Окинава во Јапонија и Лома Линда во Калифорнија.
Во овие региони е сосема нормално да се прослави 100-от роденден, а притоа да се биде сеуште витален и активен.
На грчкиот остров Икарија, кој го добил името по Икар, синот на Дедал, кој летал премногу близу до Сонцето и загинал, се се врти околу типичните медитерански активности – одгледување на маслинки и зеленчук, овчарство, риболов, пчеларство …
Сепак, освен на Сардинија, на ниедно друго место на Медитеран не може да се достигне таква длабока старост како овде.
На главниот пазар се пие кафе во сенка на столетните дрвја. Дуќаните се затвораат во најчудно време, или остануваат отклучени, а купувачот зема што му треба и остава пари (систем на доверба). Дури третина од населението има над 90 години.
Антрополозите се согласуваат дека активниот живот и здравата диета игра голема улога во тоа, но сè повеќе се истражува колку е важна и заедницата во која живеат, улогата која ја имаат и верските активности.
Тука прабабите и прадедовците водат бизнис и помагаат во чувањето на внуците. Се организираат и едриличарски регати на кои можат да учествуваат само оние кои имаат над 70 години.