Осум години подоцна: Крис Браун откри зошто ја претепа Ријана (видео)

Крис Браун за прв пат по осум години, реши да зборува за инцидентот со Ријана во кој тој ја претепа пејачката.

Раперот искрено за ова зборува во неговиот документарен филм „Chris Brown: Welcome To My Life“.

Тој вели дека работите тргнале на лошо откако признал за неговото сексуално минато со жена која работела за него, иако претходно и кажал на Ријана дека никогаш не биле љубовно поврзани.

Но, Крис тврди дека неговото признание е причина што нивната врска станала насилна, а вели и дека двајцата биле виновни.

„Се уште ја сакам Ријана, но да бидеме искрени – се расправавме, таа ќе ме удреше, јас ќе ја удрев, никогаш не беше во ред. Секогаш доаѓаше до момент кога си велиме – Што правиме? Таа не ми веруваше воопшто“, вели раперот.

Катастрофалната ноќ започнала кога жената за која Крис признал, се појавила на забавата на која тој и Ријана присуствувале.

Парот подоцна се напил неколку пијалаци за да се опушти, а потоа Крис и го понудил телефонот на Ријана за да докаже дека не знаел дека ќе биде тука таа.

За негово изненадување, жената му пишала порака дека ќе биде на истата забава.

„Ријана збесна кога ја виде пораката. Таа полуде, го фрли телефонот ми кажа дека ме мрази, почна да ме удира, седиме во Ламборџинито и знаете, таа се тепа со мене. Се сеќавам дека се обидуваше да ме истепа, буквално да ме претепа, но потоа јас ја удрив. Со затворена тупаница, ја удрив, и ја смачкав устата и кога го видов тоа, бев во шок и си помислив – Зошто ја удрив така. Оттука, таа почна да плука крв во моето лице и тоа ме изнервира уште повеќе. Стана вистинска тепачка во автомобил“, открива Браун.

Крис беше обвинет и доби казна за неговото дело, а Ријана целата ситуација ја преброде многу тешко.