Додека некои колеги отворено покажуваат непријателство и аверзија кон луѓето со кои секојдневно поминуваат осум часа, има и такви што својот антагонизам вешто го сокриваат.
Секако, подобро е да немате такви колеги, но доголку ги имате, тогаш сигурно сте забележале некои од наведените сигнали што сепак покажуваат дека нешто не е во најдобар ред.
Еден странски магазин сподели на листа на осум знаци што кажуваат дека одредени колеги потајно ве мразат:
1.Не се смеат во ваша близина
2.Избегнуваат контакт со очи
3.Ве избегнуваат вас
4.Шират трачеви за вас
5.Се однесуваат како да ве нема
6.Ви одговараат кратко и ја вртат главата
7.Никогаш не ве викаат за дружење
8.Комуницирате исклучиво само на службен мејл, иако седат до вас.