21 годишниот Мартин Саздов е момчето кое заедно со својот тим освои второ место и 3.4 милиони долари на натпреварот „The International 2016“.
Мартин е роден во Свети Николе, започнал да игра „Dota 2“ пред седум години, кога имал само 14 години.
На почетокот започнал со „War craft 3“.
Во истиот период започнало да станува популарно сценариото „Dota“, па Мартин се одлучил да проба и да види за што станува збор.
Наскоро Мартин започнал да игра „Dota 2“, па постепено се усовршувал и станал најдобриот „Dota 2“ играч во светот.
Иако се запишал на факултет во Скопје, изгубил интерес и одлучил целосно да се посвети на неговата „Dota“ кариера.
Во 2016 година Мартин заработил 700.974 долари, додека во 2015 година заработката изнесувала 18.834 долари.