Со неверојатна заработка од 1.27 билиони долари, „Frozen“, ултрапопуларниот цртан на Дизни беше прогласен за најуспешен анимиран филм на сите времиња.
Не се ни сомеваме дека сте го гледале, но сега креативниот тим реши да открие детали за претходното сценарио на цртанот, но и како тој навистина требаше да заврши.
Од Дизни ќе кажат:
„Идејата започна со една злобна и една повлечена девојка која требаше да биде хероина, а крајот ќе вклучуваше епска битка со снежни чудовишта кои Елса ги креаирала во нејзината армија, битка која таа ќе ја загубеше. Крајот ќе беше ваков бидејќи Елса претходно ќе беше оставена пред олтарот од страна на Ханс, па така нејзиното срце ќе беше замрзнато засекогаш, никогаш повеќе да не почувстува љубов. Но, ние сме среќни што приказната ја сменивме и излезе тоа што е денес“.
Која верзија на „Frozen“ повеќе би ви се допаднала?