Популарниот холивудски актер Бред Пит во тајност го посетува најдобриот специјалист за инфективни болести, а низ сето тоа поминува без своето семејството.
Изворите на порталот „Radar Online“ објаснуваат дека секое утро, многу рано, го гледаат 52-годишниот актер на клиниката за инфективни болести. Тој доаѓа пред отворањето на клиниката за да не биде виден.
Медиумите јавуваат дека Бред Пит е во многу лоша емоцијална состојба откако се разведе со сопругата Анџелина Џоли, но се уште не е утврдено каков здравствен проблем има.
Ова е само уште еден проблем со кој актерот моментално се соочува покрај развод, неможноста да поминува време со своите деца и полициската истрага поради наводите дека ги злоставувал децата.