Хју Хефнер, познат како основач на „Плејбој, најпознатиот магазин за мажи, живеел во својата вила со многубројни убавици.
Во новиот документарец којс е снима за покојниот Хефнер, на јавноста ќе и биде откриено каков бил во своите четири ѕида и како се однесувал спрема девојките.
Некогашната плејбој зајачица Карла Хау, која во неа живеела заедно со нејзината сестра близначка Мелиса, изјавила дека овој филм ќе ги “згрози гледачите“.
„Моментално се снима документарецот за вилата. Продуцентите ги канат девојките кои живееле во вилата“ – открила таа за „Дејли меил“.
Иако изјавила дека не присуствувала на ниту еден инцидент, Карла додала дека слушнала “многу грозни работи за Хефнер“.
„Никогаш немав лошо искуство со него, но многу девојки имаа. Некои од нив дури сега проговорија тоа што ќе го слушнете не е воопшто убаво. Некогаш држеше по осум девојки затворени во соба, кои го чекаа својот ред кај него. За среќа, мене никогаш не ми се случи ништо лошо. Кога живеев во вилата, Хју веќе беше оженет, па така можам да речам дека сум една од ретките кои добро поминаа“ – изјавила Карла.
Додала дека многу од девојките и рекле дека е “вистинска среќница“ што не дошла порано, туку откако Хефнер бил оженет. Тврди и дека Хју знаел оти тие работи кога тогаш ќе излезат на виделина.
„Девојките знаеја во што се впуштаат кога се согласуваа на неговите услови, а сакаа своите животи да ги заменат за кариера. Секако, некои од работите кои се случиле ужасни и тоа никако не е во ред“ – открила таа.
Инаку, првата плејбој зајачица која јавно проговори за животот во Плејбој вилата беше Холи Медисон, која со Кендра Вилсон живееше кај Хефнер цели седум години.
„Морав да изгледам како се да ми е фантастично, а бев ужасно несреќна. Вики доведуваше голем број на жени во неговиот кревет, и јасно ми е зошто тоа го правеше – што повеќе ги имаше, помала беше шансата дека таа ќе мора да има секс со него“ – открива Холи во автобиографијата која ја објави пред три години.
И Кендра зборуваше за сексот со Хју: „За да ја преживеам ноќта, бев пијана и дрогирана. Немаше друг начин, а не можев да побегнам“.