ОТКРИЕНО КОЈА КРВНА ГРУПА Е НАЈПОДЛЕЖНА НА КОРОНАВИРУСОТ!

Во новата студија, научниците откриле дека луѓето со крвна група А имаат зголемен ризик од инфекција со коронавирус за 45 проценти.

Неодамна, пред 3 месеци, една студија од Кина покажа дека луѓето со крвна група А се поподложни на инфекција отколку луѓето со крвна група нулта кои се повеќе заштитени од вирусот. По резултатите од овие студии, најголем страв на научниците е дека луѓето со крвна група нулта ќе се релаксираат премногу додека пак луѓето со крвна група А ќе паничат.

– Овие резултати не смеат да се користат со цел да се опуштат и да не се преземаат мерки што се задолжителни заради заштита – забележува Др. Мери Кушман, хематолог и професор на Универзитетот во Вермонт.

Повеќето студии направени од повеќе места во светот објавија поголем ризик од развој на тешка форма на болеста кај лица со крвна група А и намален за крвната група 0.

Една неодамнешна студија спроведена во седум италијански и шпански болници, кои бараа гени во човечкиот геном поврзани со поголем или помал ризик од развој на тежок COVID-19, некако неочекувано го издвои генот одговорен за различноста во крвните групи.Овој ген (т.н. АБО локус на хромозомот 9) се покажа дека е едно од само две места во човечкиот геном што предизвикува зголемена подложност на развој на тешка форма на заболување COVID-19.
Тоа е силна научна потврда дека ризикот од развој на тешка форма на болеста е навистина поврзан со крвните групи.