Ова е ангелот на „Victoria’s Secret“ кој ќе го носи градникот вреден 2 милиони

Шоуто на „Victoria’s Secret“ оваа година ќе се одржи во Сеул, а главна ѕвездата на ревијата ќе биде Лаис Риберо.

Бразилската манекенка, која ја нарекуваат „најдосадниот“ ангел, ќе го носи познатиот „Fantasy Bra“.

Најскапиот градник во светот е изработен од повеќе од шест илјади драги камења, вклучувајќи дијаманти, жолти сафири, кристали.

Изработката на ова парче долна облека траела повеќе од 350 часа.

Вредноста како и секоја година така и оваа е проценета на 2 милиони долари.