Докажано е како драстичното намалување на калориите и внесувањето на храна пет дена во месецот на одреден начин го успорува стареењето и го намалува ризикот од рак, срцеви болести и дијабетис.
„Диетата која имитира пост“ е диетата за која експертите тврдат дека го менува телото.
Со ваквиот начин на исхрана се губат вишокот килограми, а диетата е многу лесна.
Пет дена секој месец треба да се намали внесувањето на калории до 2/3 од просечното внесување во денот.
Првиот ден се внесуваат 1.090 калории (10 проценти протеини, 56 проценти масти, 34 проценти јагленхидрати).
Од вториот до петтиот ден се конзумираат 725 калории (9 проценти протеини, 44 проценти масти, 47 проценти јагленхидрати).
Важно е да се напомене дека најголемиот дел јагленхидратите треба да го внесувате преку јадење зеленчук.
Останатите 25 дена јадете нормално.