Домакинките знаат колку е тешко да се исчистат извалканите прозори и стаклените површини.
И не само што е тешко, туку е потребно да се одвојат и пари за специјални средства за чистење на стакла.
Сепак не мора да биде вака.
Ова домашно средство за чистење на прозори можете да го направите сами, а што е најдобро од се, состојките веројатно веќе ги имате дома.
Потребно ви е:
2 лажици медицински алкохол, 2 лажици обичен оцет, 1 лажица густин, 1½ шоља вода.
Во шише со прскалка ставете ги сите состојки и добро промешајте. Мешајте и при секое нанесување на стаклената површина.
Користете весник или фротир за да ги избришете евентуалните остатоци од средството за стакло и бришете се додка целосно не ги отстраните, а стаклото да биде блескаво чисто.