Семејството на Џорџ Мајкл не открива детали за погребот на музичката легенда, бидејќи не сакаат не поканети гости или новинари.
Но, и покрај сите обиди деталите да се задржат во тајност сепак беше откриена капелата кеде ќе се одржи погребот на ѕвездата.
Станува збор за мала капела со капацитет од 30 луѓе, а церемонијата ќе се случи следната недела иако датумот не е познат.
Инаку Џорџ Мајкл ќе почива на гробиштата во северен Лондон покрај својата мајка.